
Вчеравчечер во 20.45 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.А.(19) од с.Зрновци, кочанско, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Зрновци со остар го нападнал и му нанел убодна рана на В.Г.(53) од Кочани.
На В.Г. му била укажана лекарска помош во болницата во Кочани, по што поради сериозноста на повредите бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
А.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.