
На 29.12.2025 во 17:00 часот во ОВР Македонски Брод, 45-годишник од Македонски Брод, пријавил дека бил измамен од Б.Р. од с.Сарај, скопско, за сума од 43.000 евра.
Според пријавеното, во октомври 2025 година тие се договориле Б.Р. да му изврши градежни работи во смејната куќа во Македонски Брод и во семејната куќа во село во општина Македонски Брод, по што во неколку наврати му ја исплатил сумата.
Како што е пријавено, откако ја извршил последната исплата лицето престанало да му се јавува на телефон, да избегнува контакт, не ја завршил работата и не му ги вратил парите, по што сфатил дека е измамен и настанот го пријавил.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонски







