
Mајката на починатиот 24-годишен Андреј низ солзи одговарајќи на прашања од Обвинителството, рече дека пред таа кобна вечер биле просечно нормално скромно семејство, а сега само преживуваат.
Нејзиниот син Андреј, како што објасни, работел како келнер во ресторан и на 16 март бил ангажиран на помош во дискотеката „Пулс”. Газдата Дејан Јованов, ноќта на несреќата во 1 часот, исто така, на испомош во Пулс, бидејќи имало многу гости, го повикал и помалиот син Кристијан.
Во пожарот таа кобна вечер го загубила Андреј, а Кристијан, како што рече, се уште се обвинува што не успеал да го спаси брат му.
Тие денови не знам како ги поминав. Цело бев со инекции и лекарства, изјави мајката.
Сега, мајката рече дека преживуваат на некој начин и животот и е поделен пред и по 16 март.
Секое сабајле станувам и се соочувам со реалноста, со празнината, со загубата. Знаеш дека ништо не можеш да смениш, но се прашуваш зошто, зошто тој не можеше да се спаси. Сега дури сум љубоморна на една личност, што е најодговорна за тоа што се случи, што неговиот син е покрај него, а мојот никогаш нема да се врат, изјави таа.

Македонски






