Skip to main content

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал мигранти од Египет и излетал од патот

Фото: Freepik

Полициски службеници од Регионален центар за гранични работи – Југ лишиле од слобода 43-годишен гевгеличанец, кој со возило со бугарски регистарски ознаки превезувал шест мигранти и излетал на регионалниот пат Богданци – Гевгелија, по што избегал од месотото на настанот.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи настанот се случил вчера попладне, а И.Д. (43) од Гевгелија е уапсен денеска поради основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

-На 11.04.2026 во 21:20 часот, на регионалниот пат Богданци – Гевгелија, поточно на местото „Шарен мост“, патничко возило „фолксваген“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од И.Д. излетало надвор од патот. По несреќата, возачот побегнал од местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој е пронајден. На местото на несреќата биле пронајдени повредени шест лица мигранти од Египет, од кои едно со тешки телесни повреди, кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а останатите пет мигранти и И.Д. се здобиле со телесни повреди, информираат од МВР.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.

Поврзани вести