Скопјанката Лидија Трајковска (43), која исчезна од својот дом на осми ноември 2024 година е пронајдена почината. Пред шест дена во водите на реката Вардар во с.Таор, општина Зелениково, покрај стариот пат кон с.Пакошево, општина Зелениково, било пронајдено тело на починато женско лице, кое било заглавено во гранки.
Биле земени ДНК податоци за анализа од блиските на Лидија, и денес пристигнале резултатите со кои се потврдило дека починатата жена е нивната сестра по која неуморно трагаа повеќе од два месеца.