
Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по поднесеното обвинение за случајот Адитив, а по ценење на наводите во обвинението и приговорите на обвинението донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост, информираа денеска од Кривичниот суд. Меѓу обвинетите е и екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски кој е во бегство, а се бара и со меѓународна потерница како и поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов кој во текот на истрагата беше приведен на граничниот премин Табановце.
На крајот на април годинава, обвинителството ја прошири истрагата на уште три физички лица меѓу кои е и претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска која се сомничи дека му издавала службени тајни на поранешен директор на ТЕЦ Неготино кој исто така е обвинет во овој случај.