Skip to main content

Кривична за скопјанец кој за 3000 евра месечно заминал да се бори за Русија

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против Љ.Б.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“.

Во периодот од септември 2023 година, пријавениот заедно со сега починатиот Т.Ш., преку апликацијата „Телеграм“ аплицирале на отворен конкурс за учество во руска војска за месечен надомест од 3.000 евра. По обезбедување на виза за патување, двајцата заминале за Русија, каде на 23.09.2024 потпишале договор со Министерството за внатрешни работи на Доњецка Народна Република за служење во нивните воени, паравоени и параполициски единици, а со тоа учествувале во воениот конфликт помеѓу Руската Федерација и Украина, соопшти МВР.

На 09.12.2024 бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени компјутер, мобилни телефони, тактичка облека, документи на руски јазик на негово име и други предмети. Од судија на претходна постапка, на пријавениот му е одредена мерка домашен притвор во траење од 30 дена.

Поврзани вести