Skip to main content

Кривична пријава за скопјанец, измамил двајца кумановци за над 100.000 евра

Триесет и петгодишен скопјанец измамил двајца кумановци нудејќи им станови, откако го исплатиле едниот 26.000, вториот 79.000 евра не добиле никаков документ, кумановската полиција му поднесе кривична пријава.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.С.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Ф.С. како вработен во приватна фирма во Скопје вршел посредување за лицитација на продажба на станови од Агенција за управување со одземен имот и на 40 – годишник од Куманово му понудил стан во Охрид, додека на 50 – годишно лице од Куманово станови во Охрид, Скопје и патничко моторно возило. Откако склучиле договор, првото лице му исплатило 26.000 евра, додека другиот му исплатил 79.000 евра, а по наводно завршената лицитацијата од правното лице не добиле никаков документ, соопшти полицијата.

По преземени мерки од полициски службеници од СВР Куманово и од Одделот за криминалистичка полиција, вчера на влезот на Куманово, Ф.С. бил лишен од слобода и во координација со јавен обвинител против него по брза постапка е поднесена пријавата.

Поврзани вести