
Судија НЕ СМЕЕ да изрече мерка притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор. Нема потреба од итна седница на Судски совет за да се расправа основно правило во кривична постапка, напиша на Фејсбук, Сузана Јошевска-Анастасовска, член на Судски совет.
Оваа реакција доаѓа откако министерот за правда, Игор Филков, јавно ги повика Судскиот совет и Совет на јавни обвинители да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и јавниот обвинител во врска со одлуката за куќен притвор за Артан Груби.

Македонски



