Skip to main content

Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци во Македонија, 458 за брзо возење

МВР

Во деновите од изминатиот викенд (26./27.07.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1148 издадени платни налози 128 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, а пак кај 115 возачи при извршен алкотест било утврдено недозволено количество алкохол и тие се исклучени од сообраќај, додека 46 возачи на моторцикли се санкционирани заради неносење на заштитен шлем.

Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата дури 458 прекршоци во текот на викендот се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 175 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се казнети уште 28 лица кои некористеле сигурносен појас, 17 заради користење мобилен телефон при возење, тројца возачи минале на црвено светло, а прекршочни санкции добиле и двајца пешаци и тројца возачи на електричен тротинет.

Исто така, согласно Законот за возила, 31 возило било отстрането заради тоа што биле нерегистрирани, а три возила се исклучени заради техничка неисправност.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Поврзани вести