Skip to main content

Исчезнатиот Миле забележан исцрпен и ослабен, побегнал во шумата кога му се обратиле

Миле Тодоров од Неготино, 28-годишно момче кое исчезна на 30 јануари годинава, завчера бил забележан на планината Серта, на регионалниот пат Штип – Неготино, за ,,Фокус“ открива неговото семејство.

Како што велат блиските на Миле, во вторникот наутро добиле телефонски повик од лице од Кавадарци кое го познавало Миле.

Човекот им кажал дека истото утро, околу пет часот, додека возел на регионалниот пат Штип – Неготино, запрел накратко и излегол од возилото, и тогаш забележал човек кој се движел од Штип кон Неготино, за кого, кога добро го погледнал, сфатил дека станува збор за Миле.

Повеќе на „Фокус“.

Поврзани вести