Skip to main content
RaS8tZKbwrc

Хеликоптерот на МВР повлечен од Визбегово поради густиот чад

ДЗС

Хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи „aгуста бел 212“ кој беше вклучен во гаснењето на пожарот кај Визбегово, е повлечен поради силиот ветер и густиот чад.

Хеликоптерот на МВР „aуста бел 212“ беше упатен да помогне во гасењето на пожарот во Визбегово. Беа извршени повеќе фрлања на вода но поради засилениот ветер и густиот чад, за сега хеликоптерот е повлечен во базата, соопшти МВР.

Покрај хеликоптерот, во гаснењето на пожарот е вклучен и еден авион „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување. Пожарот се гасне и од копно и во акцијата се вклучени пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје и возила на „Комунална хигиена“.

Пожарот беше пријавен во СВР Скопје во 09:16 часот. Се појави на отпад со стари хаварисани возила со плински боци поради што повремено се слушаа и детонации.

Приведен е сопственикот на отпадот, а во пожарот, според информациите од МВР, повредено е едно лице кое е упатено на укажување медицинска помош.

Поврзани вести