
Гори големо стрниште во близина на Битола кај Црна Река. Екипите на противпожарната единица на Битола веќе се на терен и според нив нема никаква опасност од проширување на пожарот, информираат од Центарот за управување со кризи.
„Огнот од стрништето се пренел и на трската и останатата вегетација покрај Црна Река. Гаснењето е отежнато поради калливиот терен покрај реката.
Нема опасност по населени места. ТППЕ Битола се обидува да го изгасне пожарот“, информираше вечерва ЦУК.