Вчера во 06.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.И. (28) од село Отља, општина Липково.
Тој се сомничи дека со закана со огнено оружје одзел пари од такси возачот М.П.(45) од Куманово, кој го превезувал од Куманово до с.Отља. Е.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.