
Кавадарчанец бил приведен поради сомнеж дека одземал предмети зад угостителски објект, информираа денеска од СВР Велес.
– Вчера во 3:50 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци приведоа 41-годишен кавадарчанец. Тој се сомничи дека одземал предмети, што биле оставени позади угостителски објект во Кавадарци. Предметите се пронајдени кај него и вратени на сопственикот, велат од СВР – Велес.
Оттаму посочија дека рано утрово во 00:02 часот во ОВР – Кавадарци, 47-годишен росоманец, пријавил дека во Росоман, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.