Skip to main content

Драма во ГОБ „8 Септември“, уапсени две лица

На 23.07.2025 во 14.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода У.П.(44) и А.Б.(50), двајцата од Скопје.

-Полицијата постапила по претходна пријава дека во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје двајцата го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените, при што А.Б. физички го нападнал И.И.(33) од с.Грчец, скопско, вработен како обезбедување во установата, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Поврзани вести