Skip to main content

До 18 часот регистрирани шест пожари на отворено, активен е само еден

Како што информираше ЦУК, активен е пожарот што се протега на подрачјето на општините Чешиново-Облешево и Пробиштип, односно во атарите на селата Новоселани и Лепопелци во Чешиново-Облешево, како и Бучиште и Неокази во Општина Пробиштип. Огнот зафатил ниска вегетација и нискостеблеста деградирана шума.

Во меѓувреме, изгаснати се пет пожари.

Во Општина Штип се локализирани и изгаснати четири пожари – кај селото Чардаклија, каде што гореле ниска вегетација и жито, кај селото Стар Караорман, каде биле зафатени ниска вегетација и стрниште, на местото викано „Исар“ во централното градско подрачје, како и на потегот помеѓу Штипска млекара и М.К. „Албатрос“, каде што горела ниска вегетација.

Изгаснат е и пожарот кај силосите на Жито Полог во Општина Тетово, каде што исто така била зафатена ниска вегетација.

Поврзани вести