
Maкедонија има шанса уште две недели да докаже дека е правна држава или џабе кречевме. Да, 23 август е денот на кој ќе се знае дали биле вистина оние два посто доверба што ја имаат судството и обвинителството. Што ќе се случи дознавате во 5 минути со Чавез.
На 23 август Артан Груби треба да излезе на слобода. Ќе може да пие кафе во Чаир, да се шета во Чаршија, да тркне до Косово, да игра фудбалче, абе да прави што сака. Слобода. Можам да го замислам како ќе изгледа неговото излегување од притвор, додуша домашен. Излегува Артан од станот и надвор плех музика, пее Никој никој ништо не ти може Артане, Артанеее, прво на македонски па на албански, оти во ДУИ многу се по двојазичноста. Откако ќе се испее оваа славна песна за бегалци, ќе се слушнат извици оооо Кинг, о шеф. Мислите дека ова само некој лош филм кој нема да се прикажува. Да причекаме уште две недели, ништо не е невозможно во оваа прекрасна земја во која не знаеш што е полесно, дали да избегаш или да се вратиш под твои услови и наместо затвор да добиеш куќен притвор, да бидеш дома де.
Артан Груби заедно со Прпарим Бајрами се осомничени за проневера од 8 милиони евра во Лотарија. Изгледа Прпарим уште ја нема договорено цената и условите под кои би се вратил. Кај нас и враќањето од бегство има преговарачка рамка . Aма Артим е цар за пазарење иако неговите две години не на власт. Сите работат за него, обвинители, власт, опозиција. Еве си има и омилен обвинител, На тој Даниел многу му се дожали па го извади Артан од Шутка, не преспа таму ни еден ден. Од што му е жал дури и обвинение му нема поднесено шест месеци. Море и на распит го нема викнато, да не му го расипуваа раатот од дома да мора да излага. Штета што обвинителот Даниел е млад за пензија, инаку и тој како судијата на бизнисменот Борче Марковски ќе заминеше во пензија баш на денот кога Груби треба да излезе на слобода.Ако Артан навистина излезе на слобода подобро да ставиме клуч на државата. Да ја ставиме на Огласник. ВМРО дојде на власт затоа што му стави крај на јавашлукот на Груби и ДУИ. Ако вака продолжат ништо чудно за некоја година да ја загубат власта затоа што Груби е на слобода. И нема веќе оправдување, сегашниот обвинител го избра овој состав на Собранието.Затоа памет во глава. Нема веќе СДСМ е крив, ЕУ е крива. Од вас зависи.
Поради вакви како Груби и Даниел од слобода ни се смеат и лиикови како Заев и брат му Вице. Еве Зоки не поздрави од Паљури со брендирана регистрација 1111 ЗЗ, за да бидеме сигурни дека е тој.
Се сеќавате на оваа прослава на СДСМ во 2018 кога славеа што го смениле името на Македонија. Атмосфера како на Задушница.
А ја видовте прославата за 35 години независност. И на ова оние од Бихаќа најдоа мана. Го немало договорот од Преспа во спотот. Тоа што паметниот се срами будалиот се гордее. Може требаше и интервјуто на Заев за БГНЕС да го стават во видеото. Каде што вика дека со бугарите сме сшти народ и дека Цар Самоил је пуно шетао а и Кирил и Методиј су радили исто такве ствари.

Во речникот на македонски јазик кога ќе го побарате зборот талог пишува дека талог е густ слој што останува или се издвојува од течноста и се наталожува на дното или по ѕидовите. Убава дефиниција. Како пресликана за негкои ликови во македонската политика. Има еден таков што целиот живот е во политиката, а никој не се сеќава на нешто што го има направено за граѓаните. Беше дури и градоначалник за кого на избори неговите сопартијци ги заглавувале лифтовите во Центар за постарите граѓани да не можат да слезат на гласање. Беше и амбасадор на жими мајка, глумеше дипломат а никој не го испрати на мисија, ниту претседател на држава ниту Собрание. А да беше и член на Управен одбор на болница,, само што болницата ја немаше. Е тој исттиот сега вели дека власта ќе го прифатела францускиот предлог. Оној предлог што неговата партија го договори. Во СДСМ навистина се печени за хипрерлорирање на талогот. Друго чаре нема. Или пак да ги пратиме на бајачка. Медицината на Бихаќка веќе е немоќна. Потребна е вистинска дијагноза. Кој ќе го погоди лекот.

Македонски


