
Поради верскиот празник Задушница, денеска има посебен режим на сообраќај на улиците кои водат кон гробиштата во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Кон градските гробишта Бутел сообраќајот се одвива еднонасочно, кружно. Возилата се упатуваат по улицата „Бутелска“, лево по „Александар Урдаревски“, потоа лево по „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата.
За излез од гробиштата, возилата се движат десно по „Боца Иванова“ до кружниот тек со „Бутелска“, потоа лево по „Бутелска“ и десно по улицата „Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај е воведен и кај гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници на сообраќајниците опфатени со посебниот режим.

Македонски




