Skip to main content

Дедо напастувал 12-годишно девојче во Гостивар

Вчера во 15 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.Д.(72) од с.Чегране, гостиварско,
постапувајќи по пријава од 34-годишен маж од Гостивар дека А.Д. во подрумска просторија на зграда во Гостивар извршил обљуба врз 12-годишната ќерка на пријавителот, односно ја допирал по телото и ѝ ветил дека ќе ѝ даде пари за да не му каже на родителот.

А.Д. е задржан во полициска станица, известен се јавен обвинител и Центарот за социјални работи Гостивар и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопшти СВР Тетово.

Поврзани вести