
Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска која заедно со вработени во Град Скопје денеска на пладне биле на увид на дивоградба во Чаир, биле физички нападнати и завршија во Ургентниот центар „8-ми Септември“. Градоначалничката побарала лекарска помош по инцидентот на улица „Кумбара“, случајот го пријавил сведок. Од МВР потврдија дека скопската градоначалничка била нападната додека извршувала службени обврски на територија на Општина Чаир, а дека инцидентот го пријавило лицето со иницијали А.Ј., а не самата Арсовска.
Не се познати причините зошто Арсовска била нападната, но инцидентот следува откако изминативе недели градоначалничката јавно говореше дека добива закани поради најавите за кривични пријави против градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу