
Приведени четворица турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој.
Од МВР информираат дека во периодот од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по план за пријавно-одјавна служба за месец јуни, ги привеле Б.М.Б.(21), К.У.(25), А.Е.(24) и К.Б.(24) сите од Турција, поради нерегулиран престој во државата.
По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави, посочија од таму.

Македонски



