Skip to main content

Бројот на жртвите во трагичниот настан во Кочни се утврдува, министерот Тошковски и директорот на БЈБ Јанев се на терен

Бројот на жртви од катастрофалниот пожар во дискотека во Кочани се утврдува. Обвинителството соопшти дека сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани, се на терен. Се уште се преземаат дејствија и се врши увид.

Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се’ уште се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување, соопштуваат од Обвинителството.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов утрово изјави дека во моментов заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев се во Кочани, се работи на собирање на информации по што ќе дадат официјална информација.

Поврзани вести