Skip to main content

Битолчанец пријавил физички напад пред ноќен клуб

СВР Битола информира дека на 11 јануари 2026 година во 05:35 часот било пријавено физичко насилство пред ноќен клуб на улицата „Партизанска“ во Битола.

Според пријавата, 21-годишниот Д.Д. од општина Могила навел дека бил физички нападнат од повеќе лица, при што се здобил со повреди.

Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности.

Поврзани вести