
Таткото на Вања Ѓорчевка, осомничениот Александар Ѓорчевским се расплака додека слушаше како била грабната неговата ќерка. Тој беше изведен од судницата на свеж воздух.
Велибор Манев во сведочењето рече требало да грабнат некоја жена околу 40 години која била ќерка на некој сопственик на веледрогерија.
Кога влегле во зградата со Велибор Манев било темно, во ходникот не работеле сијалиците. Манев чекал во подрумот а Боре и ставил лента на Вања и ја пикнале во Цитроенот.
Се очекува Манев, кој се уште сведочи, да раскаже и како ја однеле до местото и кој и зошто ја убил Вања…