Skip to main content

81-годишна скопјанка измамена за 3.000 евра, лажен полицаец и рекол дека синот и снаата усмртиле дете во сообраќајка

На 09.04.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје, 81-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно машко лице за сума од 3.000 евра.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзиниот син и неговата сопруга предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле дете и доколку не сака да лежат во затвор требало да плати. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако нејзината снаа се вратила во домот од работа, таа сфатила дека била измамена, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести