Skip to main content

21-годишник падна од прозорец на „ауди“

Ноќва околу 01:35 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Сремски Фронт“ со ул.„Солидарност“ во Штип, од отворен прозорец на патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Б.С.(22) од Штип, паднал сопатникот Н.А.(21) од Штип.

Притоа, сопатникот Н.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.

Поврзани вести