Skip to main content

18-годишник си ја истепал мајка си, го искршил домот и автомобилот на родителите

Вчера во 16.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар во Гостивар, го лишиле од слобода М.Ш.(18) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговите родители дека агресивно се однесувал кон нив, оштетил дел од покуќнината, физички ја нападнал неговата мајка и го оштетил нивното возило во дворот.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, соопшти СВР Тетово.

Поврзани вести