
Вчера во 15.35 часот во СВР Тетово од Клиничка болница Тетово е пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош е донесена ученичка од с. Орашје, која била повредена со тврд предмет.
Веднаш било постапено во однос на пријавата при што било констатирано дека се работи за 11-годишна малолетничка од с.Орашје, која при излегување од основното училиште во с.Одри била физички нападната од нејзин соученик од с.Одри, кој, според пријавеното, користел и тврд предмет, соопшти СВР Тетово.
За настанот бил известен и јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.