Skip to main content
ul9-C7JABMQ

Што не чека во маркетите од денеска: Завршија замрзнатите маржи, дали стандардот ќе се подгрее со повисоки цени?

Freepik

Вчера заврши мерката за замрзнати маржи на некои производи. Додека дистрибутерите фактурираат производи со дури над 50 проценти повискои цени, а граѓаните стравуваат од експлозија на цените, власта смирува и убедува дека доколку има екстремно зголемување на цените, ќе превземе соодветни мерки како би го заштитила стандардот на граѓаните.

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески смета дека досегашните мерки ја исполниле целта и дека трговците ја научиле лекцијата, па нема вештачки да ја креваат инфлацијата и цените.

Ако цените нагло почнат да скокаат од четврток, кога истекува мерката за ограничени маржи до 10 %, мерката може да продолжи, најави Ристески,

Доколку има потреба, односно доколку се утврди енормен раст на цените на производите, Владата ќе реагираа соодветно, преку нови мерки- вели Ристески.

Заменик министерот за економија, гледа позитивно на обврската за јавно објавување на цените на производите од поголемите маркети, со напомена дека оние кои нема да се придржуваат кон тоа, ќе бидат соодветно санкционирани.

Подготвиле:

Новинар: Александрија С.Николовска

Монтажер: Александар Арсовски

Снимател: Александар Ивановски

Поврзани вести