Skip to main content

Во јули скоро се било поскапо: Инфлацијата достигна 4,8 отсто

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули, на годишно ниво пораснала за 4,8 %, а индексот на цените на мало бележат раст од 5,3 %.

На месечно ниво во јули инфлацијата е зголемена за 1,1% додека цените на мало за еден месец пораснале за 3,1%.

Повисоката инфлација во јули во однос на јуни, според податоците на Државниот завод за статистика, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 9,9 %, во групите рекреација и култура за 2,1 %, кај рестораните и хотелите за 1,2 %. Трошоците за мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата се зголемени за 0,7 %, додека кај здравјето, храната и безалкохолните пијалаци е забележан раст од 0,3 % ,а кај облекаата и обувкивките и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 %.

Во јули намалување на трошоците на животот е забележано во групите разновидни стоки и услуги и алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1 %.

Трошоците на животот во групите комуникации и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Поврзани вести