
Управата за јавни приходи соопшти дека техничките проблеми со мобилната апликација „МојДДВ“ се надминати и дека таа повторно функционира непречено. Корисниците, според УЈП, повторно можат да ги скенираат фискалните сметки и да остваруваат поврат на ДДВ без потешкотии.
Од УЈП потсетуваат дека фискалните сметки може да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање, што значи дека граѓаните нема да изгубат право на поврат за сметките добиени во периодот кога апликацијата не работеше.
Сепак, според нашите тестирања, апликацијата и понатаму покажува технички грешки при скенирање, што укажува дека проблемот не е целосно решен. Засега не е познато кога сите корисници навистина ќе можат непречено да ја користат услугата.