Skip to main content

Трошоците на живот во април повисоки за 2.6 отсто, цените на мало пораснати за 2.7 отсто

Freepik

Според Државниот завод за статистика, животните трошоци во април оваа година, споредено со април минатата година, покажуваат пораст од 2,6 %, а индексот на малопродажните цени забележува покачување од 2,7 %.

Инфлацијата, измерена преку индексот на животните трошоци во април во споредба со март оваа година, е зголемена за 0,6 %.

Порастот на инфлацијата е предизвикан од повисоките животни трошоци во следните категории: Транспорт со 5,1 %, Облека и обувки со 1,5 %, Рекреација и култура со 1,4 %, Мебел, предмети за домаќинство и одржување на домот со 0,5 %, Здравје со 0,4 % и Храна и безалкохолни пијалаци со 0,3 %.

Намалување на животните трошоци е евидентирано во категориите Различни добра и услуги за 0,7 % и Алкохолни пијалаци, тутун и опојни средства за 0,1 %.

Животните трошоци во категориите Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Ресторани и хотели, Комуникации и Образование остануваат на исто ниво како и во изминатиот месец.

Малопродажните цени, од друга страна, во април во однос на март годинава се зголемени за 1,6 проценти.

Индексот на трошоците на животот во април 2025 година, во однос на април 2024 година, бележи зголемување од 2,6 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2,7 %, се наведува во соопштението.

Поврзани вести