Skip to main content

Трипуновски: Имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи според податоците на ДЗС

Фото: Freepik

„Државниот завод за статистика изминативе денови излезе со податоци, со споредба на првиот квартал од 2024 година и со првиот квартал од 2025 година. Бројките говорат дека имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од општина Босилово.

„Во градинарскиот сектор зголемувањето е до 50% во споредба со првиот квартал од 2024 година. Тоа значи дека навистина како Влада, како Министерство се движиме во вистинска насока, да го зголемуваме производството и девизниот прилив во државата“, појасни министерот.

Министерот посочи дека и во другите сектори има зголемување во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи.

„Тоа е еден добар параметар, добар показател дека навистина она што го работиме изминативе 10-11 месеци како Влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски дава позитивни резултати“, истакна министерот Трипуновски.

Поврзани вести