
Во вчерашната емисија „Став на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој во фокусот го стави Буџетот за 2026 година со рекорден износ од 6,7 милијарди евра, при што нагласи дека се обезбедени повеќе средства за плати и пензии како и реална сума за капитални инвестиции, со кои државата ќе продолжи да се развива.
Тоа е документ којшто е реален и нуди решенија за проблемите на граѓаните и со кои што ние ја даваме конкретната слика за нашата економска филозофија, а тоа е реализација на капитални инвестиции, повеќе пари за плати, повеќе пари за пензии, нови училишта, спортски игралишта нови болници, развивање на инфраструктурата. И тоа што сметаме ние дека е важно е секако финансиска консолидација, нешто што и беше клучно потребно на нашата држава – рече Стојаноски.
Стојаноски во своето гостување истакна дека буџетот претставува реално планирање засновано на досегашните резултати, односно буџет кој ќе обезбеди континуиран економски раст, капитални инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Она коешто е важно и коешто граѓаните треба да го знаат, сме успеале да обезбедиме повеќе средства и за повисоки плати, пензии и една сума којашто е реална за реализација на капиталните инвестиции, бидејќи сметаме дека оваа држава треба на тој начин да се развива. Она коешто е важно имаме проектирано и повисок раст на БДП, којшто е по основ на досегашниот раст од кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, 4 квартали имаме над 3% раст, дефицитот е намален за 0,5%, и што ни дава можност да веруваме дека ова е едно реално планирање на овој програмски документ. По основ на тоа што е планирано и реализирано оваа година, затоа имаме испланирано за оваа година 660 милиони евра за капитални инвестиции, за зрели проекти, проекти кои се веќе во реализација и ќе се потпреме на оние проекти во општините кои државата ги финансира, а сега се во полн ек на реализација – рече Стојаноски.

Македонски








