Skip to main content

Растечките цени го направија своето: Минатиот месец помалку се купувала храна

Во септември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, е зголемена за 7.6 проценти, објави денеска Државниот зваод за сттаитика.

Во трговијата на мало во септември 2025 година, во споредба со септември 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално опаѓа за 0.8 проценти, а реално за 7.1 процент, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 12.1 процент, а реално за 7.6 проценти, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 5.7 проценти, а реално за 0.1 процент и Трговија на мало со автомобилски горива опаѓа реално за 1.5 проценти, а номинално за 0.8 проценти, се вели во извештајот на ДЗС.

Поврзани вести