Skip to main content

Пробиен претпоследниот тунел на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот фејсбук профил објави видео од пробивање на 14-от тунел на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка која е во изградба.

Добро е кога на крајот од тунелот ќе се појави светло. Рано изутринава го пробивме претпоследниот од вкупно 15 тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка. Ова е вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија, напиша Ивановски.

Градбата на оваа траса, нагласи, изобилува со предизвици, а еден од поголемите се пробивањето и градбата на тунелите.

Прогресот на градбата на целиот проект не е на посакуваното ниво, но би го пофалил изведувачот за нивниот успех во градбата на тунелите. Верувам дека и во другите сегменти од градбата за многу скоро од денес ќе почнат да бележат успех, порача Ивановски на фејсбук.

Поврзани вести