Skip to main content

Почнува изградбата на фабриката на турската компанија „Шахтерм“ во ТИРЗ Скопје

Во ТИРЗ Скопје денеска ќе биде поставен камен темелник на фабриката на турската компанија „Шахтерм“. На почетокот на изградбата на објектот ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски.

Според потпишаниот договор меѓу Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) и „Шахтерм“, вредноста на инвестицијата е 100 милиони евра, предвидена е изградба на објект со површина од над 13.000 квадратни метри, како и отворање 1000 работни места. Инвестиција ќе опфати и центар за истражување и развој, а ќе биде прв производствен капацитет на „Шахтерм“ надвор од Турција.

Компанијата „Шахтерм“ има повеќе од 40 години искуство во дизајн и производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство. Во моментот, „Шахтерм“ е дел од водечките пет компании во оваа дејност на глобално ниво, со повеќе од половина од годишното производство наменето за пазарите надвор од Турција.

Листата на клиенти е составена од познати светски производители на бела техника и апарати за домаќинство како „Вирпул“, „Амика“, „Горење“, „Беко“ и „Кенди“

Поврзани вести