Skip to main content

Николоски: Имаме два подготвени проекти кои се околу 2,2 милијарди евра

Следната недела во Лондон ќе се потпише Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, по принцип Влада со Влада – накави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во интервју на ТВ Сител во кое обелодени ексклузивни детали за договорите со Велика Британија.

Тој нагласи дека ова бил процес кој што траел со месеци и додаде дека уште кога биле во опозиција оставриле иницијални контакти на оваа тема.

-Остваривме стратешко партнерство со втората светска сила. Договорот за стратешко партнерство е со голем сојузник, изјави вицепремиерот Николоски.

Коридорот 8 и Коридорот 10 треба паметно да ги искористиме. Зборуваме за два договори кои ги вклучува политичката соработа.

Тој зборуваше за договорот Влада со Влада каде ќе се воспостави партнерство со Велика Британија.

-Транспорт и здравство се најважни сегменти на овој договор Влада со Влада. Имаме неограничена временска рамка за користење на овие расположливи средства. Во мометнот имаме два спремни проекти кои се околу 2,2 милијарди евра. И тоа се првите проекти со кои ќе стартуваме, рече Николоски.

Вицепремиерот нагласи дека брза железница на коридорот 10 е едниот проект и ќе се користи постојната рута. Вториот проект, пак, е изградба на Клиничка болница во Штип.

Николоски оцени дека ова партнерство значи инвестиции во транспортот, здравството, образованието, одбраната, нови работни места и силна економија и стратешка позиционираност на Македонија.

Поврзани вести