Skip to main content

Николоски: 11 нови авиодестинации, 20% раст на туризам, Скопје и Охрид ставени на светската мапа

Туризмот расте со силно темпо како резултат на 11-те нови авиодестинации што ги воведовме. Имаме за 20% раст на туристи во споредба од минатата година. Скопје веќе е ставен на светската мапа, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервјуто во емисијата „Јади бурек“.

Откако сме избрани имаме 11 нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром. Само во мај месец имаме за 101 илјада повеќе туристи отколку во мај месец лани. Туризмот расте со најголемо темпо во државата, 20 % раст има во споредба со минатата година и град број 1 за туризам е Скопје, а Охрид е број 2,  што за мене е логично затоа што начинот на туризам се менува, се повеќе луѓе патуваат да ги видат големите центри, Скопје е веќе на мапата.

Добивме и позитивно мислење од УНЕСКО за реконструкција за аеродромот во Охрид и дадов насоки да заврши туристичката сезона и некаде од месец октомври да започнеме да го реконструираме аеродромот“, изјави вицепремиерот Николоски.  

Поврзани вести