Skip to main content

Мицкоски: Ветивме и остваривме – Пуштен е во употреба мостот кај Башино село

 Сите сме сведоци дека повеќе не треба да ја користиме честичката ќе, туку е пуштен во употреба, бидејќи веќе се обраќаат тука возила и товарни и лесни патнички така што цениме дека безбедноста е на прифатливо ниво, рече денеска Мицкоски.
 
Мене ми останува само на крај и јас во мое име да им се заблагодарам на сите учесници во овој потфат почнувајќи од колегите од универзитетот „Кирил и Методиј“ градежниот факултет, преку луѓето од јавното претпријатие за државни патишта, директорот, општината Велес, потпретседателот на Влада и министер за транспорт, Министерството за внатрешни работи, изведувачите и сите останати коишто учествуваа во реализацијата на овој потфат, бидејќи беше прилично брз, ефикасен и еве конечно мислам дека ќе успееме да обезбедиме побрз транспорт во рамките на градот Велес.

Поврзани вести