
За време на Скопскиот вински салон – Винодонија 2026, ќе се одржи едукативен мастерклас со споредбена дегустација – стручно и едукативно предавање од македонскиот реномиран енолог за новитетите во винската индустрија, Проф. д-р Горан Миланов.
Професорот Миланов ќе ги запознае присутните на мастерклсот со одредени ензими и квасци коишто се користат во современото винарство и како тие влијаат на севкупниот ароматен профил на виното.
Занимлив теоретски дел проследен со практични примери и споредбена дегустација на направени вина со различни квасци. Одлична можност за сите винари кои би го прошириле своето знаење, но и за винските љубители кои сакаат да нурнат подлабоко во тајните на винарството“, велат организаторите на Скопскиот вински салон..
Мастеркласот со проф. д-р Горан Миланов, ќе се оржи во сабота на 20 декември со почетоко од 13:30 часот, во хотелот „Мериот“ во Скопје во Салата за средби Д (прв кат).
Картите се во ограничен број и може да ги набавите на следниот ЛИНК .

Македонски






