Skip to main content

Крај на сивата економија со воведување е-фактура и целосна дигитализација на УЈП и Царината

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, најави фронтална борба против неформалната економија преку серија радикални дигитални реформи. Според неа, клучот за поефикасна контрола лежи во воведувањето на е-фактурата и поврзувањето на институционалните системи кои со години работеа изолирано.

Целта не е да казнуваме, туку да создадеме услови во кои правилата важат за сите. Системот мора да функционира транспарентно, порача министерката.

Со дигитализацијата на Управата за јавни приходи и Царината, државата планира да ги затвори дупките низ кои со децении истекуваа милиони евра во приватни џебови наместо во буџетот.

Поврзани вести