
Целата кампања на Трамп во економскиот дел ги имаше во фокус тарифите и криптовалутите. Случајно или не, кога стана претседател, во рок од еден месец имаше две значајни објави. Првата, донесе уредба за формирање резерви за криптовалути и акт со кој стабилните монети или криптовалутите врзани за доларот ќе добијат улога во плаќањата. А втората, објави широкораспространети царини за сите држави во светот. Ќе се запрашаме – каква конекција имаат овие две теми?
Додека сите критики се насочени кон Трамп и светот стравува од „ново“ нерационално преструктуирање на глобалната трговија и општо економијата, според мене, тоа е веќе случено.
Преструктуирањето на глобалниот економски и финансиски поредок каков што го знаеме не започна од примената на царините на Трамп. Корените извираат одамна, а позначајно од глобалната финансиска криза во 2009 година и формирањето на БРИКС (иницијално Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, а сега во проширен состав со Египет, Етиопија, Индонезија, Иран и Обединетите Арапски Емирати).
Но, Трамп е еднинствениот американски претседател кој отворено кажува дека одржливоста на економијата во САД веќе подолг временски период е доведена во прашање, односно дека ја губат доминацијата како светска економска сила. Федералниот долг на САД достигна 36 трилиони долари или 124% од БДП во 2024 година, а лимитот на задолжување беше подигнат неколку пати во последната деценија. САД во континуитет водат политика на високи буџетски дефицити, кои од 2001 година наваму (откако почна експанзијата на Кина) во просек, годишно изнесуваат 6% од БДП и имаат дефицит на тековната сметка на билансот на плаќањата, којшто во просек, годишно е околу 3,4% од БДП. Со тоа, САД веќе подолг временски период се соочуваат со twin deficits или дефицити – близнаци. За мали економии и за економии во развој ова е проблем, но за економијата во САД која ја има најмоќната валута на светот, ова не претставуваше проблем.
Целата колумна: КОЛУМНА I „КРИПТОМЕРКАНТАЛИЗМОТ“ НА ТРАМП – Трговската војна со војната за доминација на американскиот долар