
Денеска присуствував во Будимпешта заедно со Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на бизнис форумот на тема „Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Македонија“. Настанот обедини претставници на институциите и деловните заедници од двете земји, со цел продлабочување на економските односи, размена на искуства и отворање нови инвестициски перспективи, објави на социјалните мрежи Игор Јанушев.
Ваквите форуми не се само платформа за размена на идеи, туку и конкретен механизам за воспоставување нови партнерства и зајакнување на економската соработка меѓу двете пријателски земји, нагласувајќи ја важноста на директната комуникација меѓу компаниите за создавање нови деловни модели, отворање пазари и генерирање одржлив економски раст.
Ново воспоставената авиолинија меѓу Скопје и Будимпешта претставува значаен чекор напред во поврзувањето на двете држави, не само од аспект на мобилноста, туку и како силен поттик за развој на бизнис соработката, инвестициите и туризмот.

Македонски



