Skip to main content

Инспирација за секој дом: Отворен саемот на мебел

Од денес, 25 март, па сè до 29 март, во комплексот „Борис Трајковски“ се одржува Саемот на мебел 2026, кој под слоганот „Инспирација за секој ден“ носи исклучително богата и разновидна понуда од областа на домувањето, дизајнот и уредувањето на простор. На едно место се претставени над 70 брендови, со внимателно осмислени дизајнерски штандови кои ги прикажуваат најновите трендови, иновативни решенија и современи концепти за уредување на домот, овозможувајќи им на посетителите инспирација за секојдневниот животен простор.

Саемот претставува вистинска платформа за сите љубители на дизајнот, креативноста и естетиката, каде можат да се запознаат со разновидна и богата понуда на мебел, ентериерни решенија и производи за уредување на домот, да откријат нови идеи и да се инспирираат од креативните пристапи на изложувачите.

Се очекуваат над 15.000 посетители во текот на петте саемски денови, што уште еднаш го потврдува значењето на оваа манифестација како важна платформа за поврзување на бизнис-заедницата и потрошувачите.

Саемот е отворен секој ден од 10:00 до 20:00 часот. Цената на влезницата изнесува 150 денари, додека за деца до 12 години во придружба на родител влезот е бесплатен. Секоја влезница вклучува ваучер за гратис кафе од Saccaria, што дополнително го збогатува посетителското искуство.

Партнер на Саемот на мебел 2026 е Комерцијална банка, која ја поддржува оваа значајна платформа за иновации, дизајн и современо живеење.

Саемот на мебел 2026 ќе трае до 29 март и претставува отворена покана за сите љубители на дизајнот и уредувањето да ја посетат оваа единствена манифестација и да ја доживеат богатата понуда што ја носи ова издание.