Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски смета дека на комуналните претпријатија треба да им се помогне, но и тие, според него, треба да ја подобрат ефикасноста на работењето и да ги оптимизираат трошоците.
Во вечерашното гостување на ТВ Сител, Бислимовски напомена дека помошта за овие прептријатија треба да се дефинира на соодветен начин за да не се предизвикаат проблеми во работата на ЕСМ и во цените не електричната енергија.
-Најголем дел од комуналните претпријатија согласно постојниот и новиот Закон за енергетика мора да купуваат електрична енергија на слободниот пазар. Дали ЕСМ ќе може да продава по 62 евра за мегават час треба да се процени како ќе влијае на ликвидноста на компанијата. Во изминатиот период голем број вододоводни претпријатија и од поголемите и од помалите општини, добија предлог цени од РКЕ и ние во нив ги признавме нивните реални трошоци за струја на слободниот пазар. Тие имаа две исклучително тешки години, 2021-ва и 2022-ра година, факт е дека имаат акумулирани загуби и треба да се најде начин да се помогне. Имаше период кога добиваа цена од ЕСМ по 80 – 90 евра за мегават час, но тоа е двонасочна улица и треба и кај комуналните претпријатија да се подобри ефикасноста на работењето и да се оптимизираат трошоците зашто реално, помош им треба, но помошта треба да биде избрана соодветно за понатаму да не предвзикува проблеми во работата на ЕСМ и во цените не електрилчна енергија, вели Бислимовски.
Деведесет јавни комунални претприја преку Здружението за даватели на комунални услуги (АДКОМ) со дописи до Владата, РКЕ и Министерство за енергетика упатија барање за повластена цена на електричната енергија. Сметаат дека во интерес на нивната ликвидност и во интерес на граѓаните е да плаќаат струја по единствена цена за киловат час.
-За нормално функционирање и снабдување со електрична енергија бараме JКП да склучуваат договор за снабдуванье со електрична енергија со ЕСМ по цена по која ЕСМ Продажба ДООЕЛ, Скопје jа продава на универзалниот снабдувач со електрична енергија која служи за снабдуванье на населението, односно домаќинствата и малите потрошувачи, се наведува во барањето на АДКОМ.