Skip to main content

Зголемен бројот на заболени од грип во Грција

Во изминатата седмица во Грција бил зголемен бројот на заболени од грип со регистрирани 24 нови сериозни случаи и тројца починати, додека позитивноста на заразени со Ковид-19 е намалена, но зголемен е бројот на хоспитализации со вирусот и починале 24 лица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Во периодот од 6 до 12 јануари, бројот на болни од грип останува над границата на сезонската активност со 24 сериозни случаи, кои се хоспитализирани на интензивна нега, а зголемен е бројот и на починати од лабораториски потврден грип.

Во однос на Ковид-19, стапката на позитивност кај сите тестирани примероци е намалена споредбено со претходната седмица, хоспитализирани биле 648 лица, бројка повисока од просечниот неделен број на нови приеми во болница, со оглед на тоа што во претходните четири седмици бил 525 пациенти, а бројот на смртни случаи е 24, што е во рамките на просекот.

Поврзани вести