Skip to main content

Земјотрес од 4,6 степени ја погоди Грција

AI Generated
Фрипик

Грција денес беше погодена од земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри и на 149 километри од градот Лариса.

Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на ЕМСЦ, потресот бил почувствуван силно и траел долго време.

Поврзани вести