
Избирачките места за локалните избори во Хрватска се затворија во 19:00 часот по локално време.
Хрватите денеска ги избираа своите претставници за следните четири години во обласните, општинските и градските совети, како и градоначалници на градови и општини и обласни управители.
Вкупно 6.600 избирачки места се отворија утрово во 7:00 часот по локално време.Во моментов е во тек пребројувањето на гласовите, а првите резултати се очекуваат во 21:00 часот по локално време.
Агенцијата Хина јави дека излезноста на гласачите денеска беше помала од онаа на локалните избори пред четири години.
Според излезните анкети на агенцијата Ипсос Пулс водечките кандидати во најголемите четири града се: Томислав Томашевиќ во Загреб, Ивица Пуљак во Сплит, Ива Ринчиќ во Риека и Иван Радиќ во Осјек.
Во главниот град Загреб, актуелниот градоначалник Томислав Томашевиќ од коалицијата на партијата „Можеме“ и Социјалдемократската партија освоил 49,59 проценти од гласовите, по него е независната кандидатка Марија Селак Распудиќ со 14,91 проценти, покажуваат резултатите од излезните анкети.